„Нераскажаните приказни на Новак Ѓоковиќ“ е новиот документарец на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Во овој документарец зборуваа неговите соиграчи од репрезентацијата, но и неговите пријатели, па можевме да слушнеме интересни работи за тоа како Новак тренира да биде недостижен и дека всушност од најтешките ситуации на теренот излегува како победник.
За тоа, но и за талентот зборуваше и тренерот на Партизан и пријател на Ноле, Жељко Обрадовиќ. Деветкратниот шампион во Евролигата и еден од најдобрите тренери во Европа со пофални зборови за Ѓоковиќ.
„Од мојата работа познавам многу луѓе кои беа талентирани, но кои не направија ништо затоа што не работеа на себе. Секогаш го поставувам прашањето: што е талент? Кога ќе го видите Новак со каков ентузијазам и желба игра, сфаќате дека тоа е она што го влече напред“, изјави Обрадовиќ.
Исто така, Обрадовиќ додаде дека ниту една критика од страна на било кој не влијае на него, но самокритичноста која ја поседува цели кон неговиот успех.