Ракометниот шампион Вардар ги информира навивачите дека цената на сезонскиот билет за новата сезона 2026/27 ќе изнесува 4.500 денари. Со него се опфатени сите домашни мечеви во Лигата на шампионите, домашното првенство и Регионалната лига.

Продажбата ќе започне за неколку дена, по финалното тестирање на продажната платформа. Клубот дополнително ќе го соопшти точниот термин за купување на билетите.

Вардарци ќе играа во Јане Сандански и Расадник

За сите натпревари во СЦ „Јане Сандански“, сопствениците на сезонски билет ќе имаат резервирано нумерирано место. Таму ќе се играат сите дуели од Лигата на шампионите и дерби пресметките со Пелистер, Охрид и Алкалоид. Во оваа сала ќе се играат и поатрактивните натпревари од Регионалната лига.

Дел од дуелите од домашното првенство и Регионалната лига ќе се играат во салата „Расадник“. За тие средби нема нумерирани седишта, но сезонската карта гарантира сигурен влез.

Сите сопственици ќе добијат пластифицирана картичка за сите натпревари од пакетот. Продажбата ќе се врши исклучиво онлајн, преку продажната мрежа на РК Вардар. Доколку има физичка продажба на печатени билети, јавноста дополнително ќе биде информирана. По завршувањето на оваа продажба, во опција ќе бидат и поединечните билети.

Клубот ги повикува навивачите навреме да ги следат нивните официјални канали за сите детали.