По вчерашниот пораз во дербито со тетовска Шкендија., македонскиот шампион Вардар ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Кристијан Фабијан.
Фудбалската јавност ова и го очекуваше, дири и од поодамна, уште по првиот европски меч на Вардар.
Во краткото соопштение од црвено-црниот табор вардарци напишаа.
„ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“.
Детали за условите под кои е прекинат договорот засега нема. Сепак, може да се претпостави дека Аргентинецот, без пари од Вардар нема да си замине.
Ваквата одлука на раководството на Вардар беше можеби повеќе принудна под притисокот на јавноста особено навивачката вардарова група Комити. Тие веднаш побараа оставки и од потесното раководство, но првиот вардаров оперативец, Миленко Неделковски речи провокативно да им одговори.


































