МЗТ Скопје повторно се враќа на европската кошаркарска сцена и тоа со голем стил. По пауза од двеипол децении, клубот ќе настапува во ФИБА Еврокупот.

Попладнево ова го потврдија од клубот на својот официјален Фејсбук прил.

МЗТ во ФИБА Еврокупо ќе има најмалку десет натпревари во групната фаза.

Сезоната 2026/27 ќе биде исполнета соголем број натпревари и нови докажувања. Покрај настапите ФИБА Еврокупот, МЗТ го чека и битка и во АБА2 лигата, како и на домашната сцена, каде ќе ја брани двојната „круна“. Ждрепката за фибиното натпреварување ќе се одржи на 16 јули во Минхен и ќе ги открие имињата на ривалите, на клубот од скопски Аеродром.

Тимот и навивачите со нетрпение ја очекуваат новата страница во историјата на клубот, која ветува многу емоции и незаборавни моменти.