Светскиот првак Аргентина е претпоследниот патник во четвртфиналето на Мундијалот.

Во осминафиналниот натпревар одигран во Атланта, Аргентинците со голем пресврт во завршните 12.минути го совладаа Египет сo 3-2.

А, натпреварот лошо почна за светските шампиони. Се играше 15.минута кога Јасер Ибрахи подзаборавен од аргентинската одбрана, со глава го совлада Мартинез за водство на Египет од 1-0.

Ново возбудување веќе во 19.минута, кога Хасан направи прекршок во сопствениот казнен простор, а судијата Летесие без размислување покажа на белата точка. Лионел Меси ја презеде одговорноста, но неговиот удар Шобир го одбрани. Тоа беше втор промашен пенал на Меси на Мундијалот.

Ви 28.минута се обиде Мекалистер со глава, но египетскиот голман одлично одбрани. Во 31-вата, Место од слободен удар од преку 30 метри ја погоди стативата.

И второто полувреме почна со офанзива на Аргентинците. Во 58-мата минута по една брза контра, Египќаните постигнаа и втор гол. Но по сугестија од ВАР соба и прегледување на снимката голот беше поништен, бидејќи му претходеше фаул над Леандро Мартинез.

Затоа пак се беше чисто во 67.монута кога по акцијата на Салах и асистенцијата на Хасан во листата на стрелци се запиша Зико за водство на Егпиет од 2-0.

Светскиот првак Аргентина, сепак успеа се врати во игра и тоа набрзина за четири минути. Прво во 79.минута кога по центаршутот на Меси на вистинско место беше Ромеро и намали на 1-2.

Веќе во 83.минута дојде израмнувањето на 2-2, а стрелец беше кој друг ако не Лионел Меси со својот осми гол на Мундијалот.

И тука не беше крај на возбудувањата.

Почна втората минута од судиското дополнение, кога по една брза контра од десната страна Енцо Фернандез трет пат ја затресе мрежата на Египет за конечни 3-2.

Сега Аргентинците ќе го чекаат исходот од последниот осминафинален меч за да го дознаат противникот во следната рунда. Во него ќе играат Колумбија и Швајцарија во терминот од 2 часот по полноќ.

Cup tree provided by Sofascore