Новак Ѓоковиќ продолжува да ги поместува границите на тениската историја. Српскиот ас се пласираше во своето 17-то четвртфинале на Вимблдон.

Ѓоковиќ во осминафиналната пресметка го совлада жилавиот Русин, Роман Сафиулин со 3-1 во сетови, по 3 часа и 25 минути, исцрпувачка борба на тревата во „Ол Ингланд Клубот“.

Со овој триумф, Ѓоковиќ стигна до својата 106-та победа на престижниот лондонски гренд слем. Си тоа официјално го престигна Роџер Федерер (105) и стана апсолутен рекордер по бројот на победи на овој турнир.

Во борбата за место во полуфиналето, која е закажана за четврток, Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот помеѓу Феликс Оже-Алиасим и Александар Давидович Фокина.

Следете нé на социјалните мрежи