Машката кошаркарски репрезентација на Македонија, го игра последниот натпревар од првиот круг во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Македонските репрезентативци од гостувањето кај Луксембург се враќаат со триумф 80-66.
од самиот почеток нашата селекција ја презеде контролата на резултатот. Веќе на полувремето, црвено-жолтите имаа 19 поени предност (26-46). Тоа беше повеќе од доволно да се впише шестата победа во исто толку одиграни натпревари, со кои Македонија го потврди 1.место во својата квалификациска група.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Виктор Ташовски и Нејт Сестина, новото американско засилување, кои постигна по 16 поени.
Следува едномесечна пауза се до втората половина на август за која е предводен почетокот на втората рунда претквалификации.
Во неа ќе настапат вкупно 12 репрезентации. Покрај четирите најдобро пласирани селекции од првата рунда на претквалификациите, таму ќе играат и осумте репрезентации кои нема да ја минат првата фаза од квалификациите за Светското првенство 2027.
Дванаесетте репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по три селекции. Натпреварите ќе се играат во периодот од август 2026 до февруари 2027 година, во три квалификациски „прозорци“.


































