Репрезентацијата на Англија се изнамачи да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство.
На натпреварот одигран во Атланта, Англичаните со пресврт во вториот дел славеше над Конго со 2-1. Јунак на Англија е Хари Кејн кој со два брзи гола во вториот дел донесе пресврт победа.
А, натпреварот започна со студен туш за Англичаните. Веќе во седмата минута, по брзо изведената акција, Конго поведе со 1-0, а стрелец на голот беше Брајан Чипенга.
Имаа Англичаните неколку идеални шанси за заминување, но несовладлив на голот на Конго беше Лионел Мпаси-Нзау. Можеше Конго да има двојна предност на паузата, но Пикфотрд во 45-минута имаше сојузник во стативата од неговиот гол.
Очекувано во вториот дел Англичаните дополнително го зголемија притисокот кон на голот на противникот. Таквата игра вроди со плод кога Хари Кеј за само девет минути постигна два гола и гп сврте резултатот во полза на „Гордиот Албион“.
Англија во осминафиналето ќе има нов голем предизвик во ко-даомаќинот на Мундијалот Мексико. Тој дуел ќе се игра не 6 јули на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































