На тениските терени на ТК Југ во Скоје се игра турнирот М25 „Македонија Опен 2026“. Нашата земја на турнирот почна со шестмина преставници во првото коло.

Најдобро рангираниот, Калин Ивановски ја мина првата пречка и тоа носителот број 1 во Скопје, Андреј Чепелев од Русија. Во мечот што траеше 2 часа и 2 минути Калин ги доби двата сета со 6-4 и 6-2.

Настапот на турнирот во Скопје заврши за двајца Македонци. Стефан Мицов е поразен од Кацпер Симковјак од Полска со 2:0 (6-2 и 6-2), а во два сета загуби и Кристијан Јанев, од Аргентинецот, Валентино Конте 2:0 (6-3 и 6-0)

Во тек е дуелот меѓу Обрад Марковски и Максимилиан Борисов од Бугарија

Во текот на денот на терените на ТК Југ ќе се појават и Амар Хусеиновиќ кој за противник ќе го има Александер Вајс од Италија, односно Горазд Србљак кој ќе игра против Србинот, Стефан Поповиќ.