Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши историското учество на неофицијалното Светско тениско првенство. Ѓорческа е поразена во првата рунда на главниот дел од тунрирот на Вимблдон.
Откако со три победи ги мина квалификациите, Лина во првото коло „налета„ на минатогодишната финалистка Аманда Анисимова. Американката која е шеста на светската ВТА ранг-листа, ја потврди фаворитската улога и за 1 час и 1 минута ја победи македонската тенисерка во два сета (2:0).
Првиот Анисимова го реши во своја полза со 6-3, а во вториот на Ѓорческа и препушти гем помалку и Американтата го доби со 6-2.
Покрај поразот за Ѓорческа но и за македонскиот тенис ова е голем успех. Ова имајќи во предвид дека таа е првата наша тенисерка која играла на главниот дел од Вимблдон.































