Веќе четири репрезентации ја минаа првата елиминациска рунда на Светското фудбалско првенство. Познат е и првиот пар за осминафиналето. Ко-домаќинот Канада протов селекцијата на Мароко ќе играат за место во ТОП-8. Пласман во осминафиналето веќе изборија и селекциите на Бразил и парагвај.
Вечерва на програмата се два нови меча, а во 3 часот пои полноќ ќе се игра и третиот.
Норвешка – Брег на Слонова Коска
Се ќе започне во Далас, каде од 19 часот, ќе се сретнат селекциите на Брегот на Слоновата коска и Норвешка. Европската репрезентација ќе ја има благата улога на фаворит, но африканскиот состав си има свои адути. Халанд ќе се обиде да ја одведе Норвешка, скалило погоре, во осминафиналето, каде ќе ги чека повеќекратниот шампион Бразил.
Франција – Шведска
Првата од трите 1/16-финални пресметки на европските селекции ќе се игра во Њу Џерси. Таму актуелниот светски вице-првак Франција за противник ќе ја има селекцијата на Шведска. Триколорите предводени од напаѓачкиот тандем Мбапе-Дембеле, покажаа зошто се едни од главните фаворити за трофејот, заедно со актуелниот шампион Аргентина. Французите во групната фаза веќе постигнаа 10 голови, па се очекува и вечерва ефикасноста да ја продолжат.
Французите веќе размислуваат за осминафиналето со Парагвај која ја елиминира Германија, но сепак прво ќе треба да ги минат Викинзите.
Мексико – Еквадор
Доцна по полноќ (3 часот) на програмата е последниот натпревар. На легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, домашната селекција ќе игра против Еквадор. Ко-домаќинот на Мундијалот покажа големи амбиции и сака да ја искористи предноста на домашниот терен и поддршката од своите навивачи. Целта на Мексиканците е да се борат се до самиот крај на Мундијалот, но патот до таму ќе биде трновит.
Доколку Мексико успеа вечерва да го мине Еквадор, во осминафиналето ќе се соочи најверојатно со Англија која е апсолутен фаворит против Конго.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































