Комплетирани се натпреварите во претпослената К гриупа на Светскиот фудбалски шампионат. Со тоа познати се уште три пара за првата фаза во разигриувањето.
Во директниот дуел за првото место, репрезентациите на Колумбија и Португалија одиграа без голови. Овој резултат ги задржа Колумбијците на првото, а Португалците на второто место на табелата.
📅
⏰
👑 К група
Град
⚽
#
Тим
Натпревари
Победи
Нерешено
Порази
Голови
Гол-разлика
Бодови
Така Колумбија во 1/16-финалето за противник ќе ја има Гана, а Португалија ќе игра со Хрватска.
Во вториот меч од оваа група, Конго со пресврт го совлада Казахстан со 3-1. Со четирите освоени бодови Конго се избори за продолжение на своето учество на Мундијалот. Но, имајќи го во предвид противникот во елиминациските фаза, а тоа е Англија, престојот на Конго не би требало да трае долго.
📊 Мундијалско разигрување (СП 2026)
👉 Лизнете лево-десно за да ги видите сите натпревари
Со натпреварите одиграни во Њу Џери и Филаделфија комплетирано е последното 3.коло од Л групата на фудбалскиот Мундијал.
Селекциите на Англија, Хрватска и Гана...