Иако остануваат да се одиграат натпреварите од последното коло во последните три групи на Светското првенство, најголемиот дел од првата рунда во нокаут фазата е познат.
Проширениот формат на Мундијалот, значи и проширен формат во разигрувањето. Така првата елиминациска фаза ќе почне со 32 селекции или 1/16-финале.
Спектакуларни двојки за таа фаза засега нема, можеби исклучок дуелот меѓу ко-домаќинот САД и селекцијата на Босна и Херцеговина. Засега единствно европско дерби е дуелот меѓу светскиот вицешампион Франција и репрезентацијата на Шведска. Тирколорите во тој меч ќе влезат како апсолутни фаворити, како и Германците кои за противник ќе го имаат Парагвај.
Ако се оди според планот, тогаш во осминафиналето би ја гледале европската класика меѓу Франција и Германија.


































