Светското првенство во САД, Канада и Мексико е во самата завршници на групната фаза. Шеснаесеттиот ден на Мундијалот ги носи дуелите во групите Г, Х и И. По нив ќе бидат познати и последните три селекции кои како трето рангирани ќе го продолжат натпреварувањето во нокаут фазата.

Досега, пет репрезентации го потврдија местото меѓу осумте најдобри третопласирани екипи: БиХ, Парагвај, Еквадор, Шведска и Сенегал.

Интересно ќе биде во Л групата во која Англија и Имаат по 4, а Хрватска бод помалку (3). Во директен дуел Хрватска и Гана ќе решаваат за второто и третото место. Ова се разбира доколку Англија ја потврди фаворитската улога против Панама.

Доколку Хрватска победи, Гана ќе продолжи понатаму како третопласирана екипа, бидејќи веќе имаат четири бода. Еден бод е доволен за Хрватите за третото место, а доколку претрпат пораз, тогаш гол-разликата би била одлучувачки фактор.

📅 👑 Л група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

Во групата К, неизвесноста е нешто помала.

Таму селекциите на Колумбија и Португалија меѓусебно решаваат која ќе заврши како прва. Затоа пак Конго кој е третопласираната екипа со еден бод, со победа против Узбекистан сигурно би одел во следната фаза.

📅 👑 К група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

Во групата Ј каде актуелниот светски шампион Аргентина е неприкосновен, за второто место во игра се Австралија и Алжир. Овие селекции веќе имаат по три бодови, па со нерешен резултат сигурно се во 1/16-финалето.

Но!? Второпласираната селекција таму би одела на мегдан на европскиот шампион Шпанија. Веќе наголемо се шпекулира дека Алжирците по секоја цена би одиграле нерешено со Австралија. Но, секако се прашуваат и популарните „кенгури“. Пораз за Алжир би значел крај на настапот на Мундијалот.

📅 👑 Ј група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови