Со одигрувањето на последните два натпревари во Г групата разрешена е дилемата околу патниците во нокаут фазата на фудбалскиот Мундијал од оваа конкуренција. Селекциите на Белгија и Египет обезбедија пласман меѓу 32-те селекции кои продолжуваат понатаму.
По два нерешени резултати, со само еден постигнат гол, Белгијците конечно ја забележаа својата прва победа. Тие убедливо го победија Нов Зеланд со 5-1 и го освоија првото место со 5 бодови со колку заврши и Египет, но подобра гол разлика.
Популарните „фараони“ до втората позиција стигнаа со нерешениот резултат во дуелот со Иран. Двата гола беа постигнати во воведните 14 минути период во кој Иранците не реализира и пенал.
Така Египет за противник во 1/16-финалето ќе ја има Австралија, а Белгијците го чекаат својот противник.

| 📅 | ⏰ | 👑 Г група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































