Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го очекува исклучително тежок предизвик во 3.коло од ЕХФ Европска лига. Битолчани гостуваат во Германија, каде ќе ги одмерат силите со силниот бундеслигаш Гумерсбах.
Натпреварот ќе се одигра во познатата „Швалбе арена“ која има капацитет од околу три илјади гледачи. Гумерсбах ја има улогата на голем фаворит, но македонскиот претставник патува со надеж за позитивен резултат.
По првите две одиграни кола во групната фаза, битолскиот состав има освоено само еден бод. Еурофарм Пелистер забележа пораз на домашен терен од Ла Риоха и одигра нерешено на гостувањето кај Гдањск. Од друга страна, германскиот тим има половичен учинок со еден пораз од Гдањск и победа над Ла Риоха.
За битолчани овој двомеч со Гумерсбах е од клучна важност за понатамошниот пласман во Европа.
Тимот мора да освои барем еден бод за да ги задржи математичките шанси за пласман во следната фаза. Секој следен резултат може значително да ја промени ситуацијата во оваа доста изедначена група. Ракометарите на Еурофарм Пелистер се мотивирани да покажат квалитетна и борбена игра против реномираниот противник.
Останува да видиме дали зелено-белите имаат сили да приредат големо изненадување на ова тешко германско гостување.
Натпреварот Гумерсбах – Еурофарм Пелистер ќе почне до 18.45 часот.





































