Екипата на Пелистер оствари победа над ТФТ со 78:70 во натпревар од првото коло на кошаркарската Супер лига. Битолскиот состав ја искористи поддршката од домашната публика во салата „Боро Чурлевски“ и дојде до посакуваниот триумф.
Домаќините подобро ја започнаа средбата и по десет минути игра изборија почетна предност од 20:16. Гостите од Скопје брзо го израмнија ритамот, па на паузата се замина со минимални 38:37 за битолчани.
Неизвесноста продолжи и во второто полувреме, во кое двете екипи непрекинато ја менуваа контролата над резултатот. На две и пол минути пред крајот Пелистер водеше со 71:65, но ТФТ одговори со брза серија од пет поени. Сепак, битолчани со смирена игра во финишот реализираа клучни поени и ја обезбедија победата.
Камерон Мекдауел ги предводеше победниците со 19 поени, седум скока и две асистенции. Капитенот Филип Сапунџиев додаде 14 поени и шест скока, додека Кириловски и Си-Џеј Вилсон реализираа по 11 поени.
Кај ТФТ најефикасен беше Сила со 31 поен и девет скока, а Вајт постигна 12 поени. Со овој дуел официјално беше комплетирана првата рунда од новата сезона во македонскиот шампионат.
Ова беше единствената победа на домашните екипи на трите денешни натпревари. Претходно како гости славеа екипите на Работнички и Кожув.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































