Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси не успеа да му помогне на Интер Мајами да избегне пораз. Тимот од Флорида загуби со 2-3 од мексиканскиот Лион во натпревар од Лига купот на Северна и Централна Америка.

За Меси ова беше првиот натпревар откако неодамна почина неговиот татко. Меси влезе во игра во вториот дел до доведе до делириум меѓу присутните на стадионот.

Сепак тој не успеа да му помогне на Интер Мајами да избегне пораз и елиминација. Иако тимот на Дејвид Бекам водеше со 1-0 во првиот дел, во вториот мексиканската екипа направи целосен пресврт.

Даниел Арчила постигна два гола, вклучувајќи го и погодокот за победа во 83-тата минута.