Судирот меѓу два фудбалски гиганти и соседи од Иберискиот Полуостров ќе го одбележи осминафиналето на Светското првенство.
Од едната страна е младата и енергична Шпанија, која досега демонстрираше доминантен фудбал. На другата, е искусната Португалија, предводена од Кристијано Роналдо во веројатно нивниот последен обид да го освојат единствениот трофеј што им недостасува.
Шпанија влезе во осминафиналето како една од најубедливите екипи на турнирот. Групата фаза ја заврши без пораз, а во осминафиналето рутински ја победи Австрија со 3-0. Од друга страна, Португалија имаше многу подраматично патување. Заврши како втора во групата, по што следеше трилерот во осминафиналето против Хрватска.
Историјата е на страната на Шпанија која има 17 победи на 41 натпревар досега. Португалија победила само шест пати, а 18 дуели завршиле со нерешени резултати.
Тие се сретнале двапати на Светското првенство. Прво во 2010 година, Шпанија победи со 1-0 во осминафиналето на патот до титулата, додека во 2018 година во Русија заврши спектакуларно реми 3-3 во групната фаза, обележано со хет-трик на Кристијано Роналдо.
Сепак, последниот натпреварувачки натпревар им дава надеж на Португалците. Во финалето на Лигата на нации во 2025 година, по нерешениот резултат 2-2 во регуларното време, Португалија беше подобра во изведувањето на пенали и го освои трофејот, покажувајќи дека знае како да игра против голем ривал во натпреварите за трофеј.
Натпреварот ќе се игра во Синсинати со почеток од 21 часот. Победникот во четвртфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот САД – Белгија. што ќе се игра ноќеска.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































