Само Американците останаа од ко-домаќините на Мундијалот, откако Светското првенство заврши за Канада и Мексико. Нив ноќеска ги чека дуел со Белгија во осминафиналето на Мундијалот.
Се чини дека оваа селекција ја има и наклонетоста на ФИФА на своја страна. Ова откако дисциплинската комисија на Светската организација речи да не го суспендира најдобриот стрелец на Американците, Фоларин Балогун, за добиениот директен црвен картон на претходниот натпревари со БиХ.
Затоа од белгискиот табор, беа упатени остри реакции и негодувања, за ваквата одлука на ФИФА.
Така американскиот селектор Покетињо ќе може да смета на својот најдобар играч на првенството. Тоа, како и поддршката од домашните навивачи им дава блага предност на Американците.
Белгија ќе мора да надмине тој момент, ако сака да потврди зошто, со години наназад, високо котира на рангирањата. Белгијците досега во тоа не нé уверија, иако групната фаза ја завршија со убедлива победа над Нов Зеланд. Тие едвај и со голема доза на среќа го минаа Сенегал во 1/16-финалето и тоа со гол од пенал во 125-минута.
Имаат ли капацитет белгиските фудбалери да ги минат мотивираните Американци ќе видиме во мечот што ќе почне во 2 часот по полноќ.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































