Годинашното издание на „Македонија Опен“ мина во знакот на домашните македонски тенисери.
Откако вчера во двојки триумфираа Обрад Марковски и Горазд Србљак, денеска во поединечна конкуренција пехарот го освои Калин Ивановски.
Во финалето на турнирот во Скопје, Калин Ивановски го победи искусниот Владислав Орлов од Украина. Во мечот што траеше 2 часа и 35 минути, двајцата тенисери имаа свои одлично моменти на игра, а Кали го доби малиот со 2:1 во сетови.
Во првиот сет Калин со два брејка лесно стигна до убедливи 6-1. Затоа пак во вториот Украинецот беше оној со доминираше, и не му дозволи на Ивановски да освои гем (0-6). Во решавачкиот трет сет, Калин повторно беше сигурен на свој сервис. Направи Ивановски два брејка кои беа доволни да го добие сетот со 6-2, а мечот со 2:1.
За Ивановски ова беше 11-то финале во кариерата и шеста турнирска победа.

































