Легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити ќе биде „боиштето“, каде Англија и Мексико ќе се борат за четвртфиналето.

Ко-домаќинот на шампионатот Мексико, има големи амбиции да турка се до самата завршница, а такви се плановите и на Англија.

Мексиканците се една од двете репрезентации кои до осминафиналето стигнаа без да примат гол.

Од друга страна Англичаните го имаат Хари Кејн кој со петте голови е во трка со Меси, Мбапе (по 7) и Халанд (5) за најдобар стрелец на Мундијалот.

Нималку пријатен дочек во хотелот во Мексико Сити имале Англичаните, а така сигурно ќе биде и на легендарниот стадион.

Големата битка на амбициозните Мексиканци и Англичани ќе почне во 2 часот по полноќ. Победникот од тој дуел ќе биде противник на подобриот од мечот Бразил и Норвешка.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)