Машката кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар во претквалификациите за ЕП 2029. Со сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, македонските репрезентативци за противник ќе ја имаат селекцијата на Ирска.
По повеќе од две недели подготовки, селекторот Жозеп Марија Берокал е задоволен од сработеното и а смета дека исходот најмногу ќе зависи од изданието на Македонија.
„Ние сме подготвени, сè е на нас. Мора да се покажеме во добро светло, да ја одиграме најдобрата кошарка и да бидеме близу до победата.
Прво ја гледаме Ирска, а Луксембург од оваа гледна точка изгледа далеку“, изјави Берокал.
Македонската репрезентација досега има максимални четири победи, а ќе се обиде да го сочува тој ефект до крајот на циклусот.
Ќе биде ли така останува да видиме прво по денешниот, а потоа и по дуелот со Луксембург, на гости, во недела.
Натпреварот Македонија – Ирска ќе почне од 18 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.


































