Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами со победа над Јиржи Лехечка во два сета со 6:4 и 6:4. Италијанскиот тенисер доминираше на теренот и го совлада чешкиот противник за точно еден час и 34 минути игра.

Ова е вкупно 26-та АТП титула во кариерата на Синер и негов втор трофеј на престижниот турнир во Мајами.

Синер стана првиот тенисер по 2017 година, кој успеа да го освои така-нарелениот „Саншајн Дабл“ во иста сезона.
Тој ги освои Индијан Велс и Мајами без ниту еден загубен сет, што е апсолутен рекорд во машкиот тенис.

Претходно овој подвиг го направија легендите Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, но со загубени сетови во текот на патот.

Во женска конкуренција, триумфираше најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка.

Таа во финалето ја совлада домашната фаворитка, Американката, Коко Гоф во три сета (6:2, 4:6, 6:3).

За разлика од Синер, таа изгуби еден сет во финалето, но сепак стана само петтата жена во историјата со овој успех.