Голем успех на младите ракометари на Еурофарм Пелистер кои обезбедија пласман на завршницата на првото издание на младинската Лига на шампиони.

Битолскиот тим со двете победи на турнирот во Букурешт, обезбеди пласман на завршниот „фајнал-фор“ за ракометари до 18 години.

Младите пелистерци прво го совладаа полскиот Киелце, а потоа беа подобри и од домашниот на овој квалификациски турнир Динамо Букурешт со 37-36.

Така младинците на Еурофарм Пелистер ќе бидат дел од четирите најдобри екипи кои ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите на завршницата во Келн закажана за 14 и 15 јуни.

Таму веќе место обезбедија шпанската Барселона и унгарскиот Веспрем кои беа домаќини на првиот и третиот квалификациски турнири, како и данскиот тим на ГОГ Гудме.