Евролигата денеска ја објави најдобрата петорка за сезоната 2024-25, во која нема поголеми изненадувања.
Во најдобриот тим на европското натпреварување оваа сезона е и македонскиот репрезентативец, Американецот, Ти Џеј Шортс од тимот на Париз
Со 18,8 поени и 7,5 асистенции (прв во Евролигата) по меч, Ти Џеј Шортс остави одличен впечаток во својата дебитантска сезона во Евролигата, каде што ги предводеше парижаните до плеј-офот во нивниот прв настап во ова натпреварување.
Покрај Шорц во тимот се уште тројца Американци: Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче), Кендрик Нан (Панатинаикос) и Карсен Едвардс (Баерн Минхен). Единствен европски играч е Бугаринот, Саша Везенков (Олимпијакос),
Тие беа избрани врз основа на гласовите на тренерите на тимовите (35 проценти од гласовите), капитените на тимовите (35 проценти), медиумите (20 проценти) и навивачите (10 проценти).
Интересно, овојпат немаше центар во идеалната петорка на Евролигата.
