Пет победи на екипите од групата „А“, но и една од оние кои се натпреваруваат во групата „Б“ против подобро рангирана екипа од себе. Тоа е исходот на првиот елиминациски круг од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.
Екипата на Спорт тим од Неготино стигна до победа против кавадаречки Пробаскет и обезбеди пласман во четвртфиналето. Таму ги чека бранителот на трофејот, екипата на Баскет Кам која без проблеми го совлада кавадаречки Јан Бор.
Пласман во четвртфиналето, очекуван, обезбедија и другите „А“ лигаши.
Патриот го победи Охрид, Бадел делуваше убедливо на гостувањето во Гостивар, како и МЗТ Скопје кај Шкупи. Најубедлив настап го имаа кошаркарките на Вардар кои со 78 разлика ја совладаа Ринија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ)
ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Јан Бор – Баскет кам 45:72
Гостивар 2009 – Бадел 1862 30:77
Ринија – Вардар 26:102
Охрид – Патриот 2016 50:66
Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром 66:100
Спорт тим – Пробаскет 70:63
*Екипите на Крива Паланка и Струга 2009 обезбедија директен пласман во следната натпреварувачка фаза
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
сабота 14 декември
13.00 Баскет кам – Спорт тим
18.00 Вардар – Патриот 2016
19.00 Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром
недела 15 декември
15.00 Крива Паланка – Струга 2009