Организаторот на традиционалниот Струшки ракометен турнир го потврди првиот тим од странство што ќе настапува на годинашното издание.

Станува збор шведскиот тим Гиуф Ескулстуна, предводени од Зоран Рогановиќ, млад тим кој секогаш бил тврд орев за екипите. Гостите од Шведска неколку години се редовни учесници на турнирот, потврдувајќи дека квалитетот на екипите што играат е примамлив за секого.

Како што најавија организаторите 52-рото изнажние на турнирот ќе брои по три домашни и странски екипи. Покрај домаќинот Струга, шампионот Еурофарм Пелистер и кавадаречки Тиквеш, а Гуиф Ескулстуна е првата странска екипа што го потврди учеството.

Турнирот ќе се одржи од 14 до 17 август 2024 година на отвореното игралиште крај „Женска плажа“ во Струга.

Следете нé на нашите социјални мрежи