Францускиот тим Монпеље славеше убедлива победа против Кил во првата четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите.

Во супер ефикасен натпревар во кој беа постигнати 69 голови, Монпеље го совлада убедливо Кил и направи голем чекор кон полуфиналето, односно „фајнал-форот“ во Келн.

Гостите беа рамноправи само во водените десетина минути се до 4-4. Францускиот тим ја презеде контролата на играта и резултатот кој не го испушти се до крајот на мечот. Го доби првиот дел Монпеље со четири разлика (20-16), која ја зголеми во вториот дел. На крајот француската екипа славеше со конечни 39-30. Деветте голови разлика на Монпеље му носат голема предност во реваншот закажан за следната седмица.

Со гол предност кај европскиот шампион Магдебург ќе патува и вице-првакот Киелце. Полскиот тим го доби првиот четвртфинален дуел со 27-26.

За утре закажани се другите два четвртфинални натпревари. Унгарскиот Веспрем го пречекува Алборг, а во дербито Барселона е домаќин на ПСЖ.

„Фајнл-форот“ ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн , Германија на 8 и 9 јуни 2024 година.