Ливерпул загуби 2:0 во Мерсисајд дербито со Евертон и е се подалеку од трката за трофеј во Премиер лигата.

Иницијативата во текот на целиот натпревар ја имаа „црвените“, но Евертон одлично ги искористи приликите за погодок.

Најпрво дефанзивецот на домаќините, Џарад Брентвејт, одлично погоди за 1:0 во 27-та минута, а на 2:0 зголеми Доминик Калверт Луин во 58-та минута.

Екипата на Јурген Клоп со овој пораз се оддалечи од првото место во Премиер лигата и останува да се надева на „кикс“ на Манчестер Сити и Арсенал.

На останатите натпревари, Манчестер Јунајтед триумфираше со 4:2 над последнопласираниот Шефилд Јунајтед и покрај тоа што во два наврати имаше гол негатива.

Њукасл загуби на гостински терен од Кристал Палас со 2:0, а Борнмут извојува победа со минимални 1:0 над Волвс.

Лидер на табелата во Премиер лигата е Арсенал со 77 освоени бодови, три повеќе од вторпласираниот Ливерпул и 4 повеќе од Сити, кој има два натпревари помалку.