Италијанскиот тенисер Јаник Синер сезонава игра во фантастична форма. Победникот на Австралија опен, додаде нов трофеј во својата колекција.

Синер триумфира на Мастерсот во Мајами, откако во финалето лесно и убедливо го совлада Григор Димитров со 6:3 и 6:1. Мечот траеше само 74 минути. Се очекуваше дека Бугаринот ќе пружи многу поголем отпор на Италијанецот, но тоа не се случи. Синер потврди дека моментално е во најдобра форма на АТП турнејата.

Италијанецот со триумфот во Мајами ја освои 13-та титула во кариерата и трета сезонава.

Тој од утре го презема второто место на АТП листата од Шпанецот Карлос Алкараз, а зад Новак Ѓоковиќ.

Димитров со пласманот во финалето се враќа во ТОП-10 и ќе биде рангиран како деветти тенисер во светот.