Реал Мадрид дојде до сигурна победа во дербито против Атлетик Билбао. Со резултат од 2:0 „кралевите” рутински продолжија во походот кон Ла Лига. Творец на победата на Реал беше Родриго кој ги постигна двата гола на натпреварот.

Реал многу брзо поведе на натпреварот. Во 8-та минута по контра напад Реал Мадрид поведе преку Родриго. До крајот на полувремето резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме Реал го одржуваше резултатот со мирна игра. Родриго зголеми на 2:0 во 73-та минута со нов гол по контра напад. „Црн печат” на победата на Реал може да остави „моторот” на тимот Феде Валверде кој излезе поради повреда.

Со оваа победа Реал Мадрид се оддалечува од Барселона во борбата за Ла Лига. На 30 одиграни натпревари Реал има 75 одвоени бода и 8 бода предност пред Барселона. Атлетик Билбао сеуште се напаѓа на 4.та позиција по 30 кола со 56 бода само еден бод пред Атлетико Мадрид кој има натпревар помалку .