Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз втора година по ред го освои трофејот на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс.

Како и пред една година, ривал во финалето му беше Русинот Данил Медведев, а овојпат Алкараз триумфираше во два сета. Меќпт што траеше 104.минути Шпанецот го доби со 7:6 (7:5) и 6:1.

Во првиот сет Медведев имаше и водство од 3:0. Но, Алкараз брзо израмни на 3:3, а во продолжението го одведе сето во тај-брејк. Во него Алкараз повее со 3:0 на поени и таквата предност ја искористи и го доби сето за водство од 1-0

Вториот сет играта на рускиот тенисер целосно се распадна. Шпанецот беше оној што направи водство од 3:0. Со вториот брејк, а потоа и освоениот гем на свој сервис Шпанецот го затвори сетот со убедливи 6:1, а со тоа и мечот со 2-0.

Со овој триумф Алкараз стана вториот играч кој освоил пет трофеи од Мастерс серијата пред својот 21 роденден. Прв кој тоа го направи е неговиот идол и сонародник Рафаел Надал.