Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Мастерсот во Индијан Велс.

Полската тенисерка во финале, експресно за само 69.минути, во два сета ја совлада Марија Сакари од Грција.

со 2:0, по сетови 6:4, 6:0 за само 69 минути.

Сакари беше рамноправна само во првиот сет. Полската тенисерка со брејк во десеттиот гем го реши победникот и го доби сетот со 6:4.

Во вториот најдобрата планетарна тенисерка одигра доминантно и без загубен гем (6:0) го доби и вториот сет, а со конечни 2-0 и мечот.

Швјонтек го освои својот осми трофеј од серијата 1000, а вкупно 19-ти во кариерата.