Во последниот натпревар од 20.коло, кошаркарите на Охрид го совладаа ГФеникс на гостински терен со 100:90.

Феноменална прва четвртина одиграа Охриѓани во која дојдоа до голема позитива 39:15. Тоа на крајот, се покажа дека е доволна предност за петти триумф во сезоната, кој им дава поголеми шанси во трката за опстанок.

Уште во првото полувреме четворица играчи од почетната петорка имаа двоцифрен поентерски ефект.

Мајкл Андерсон оствари трипл-дабл со 23 поени и по 10 скока и асистенции. Тој заедно со Лајонс кој постигна 22 поени беа најзаслужните за оваа победа на охриѓани.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
ФЕНИКС – ОХРИД 90-100
АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР 82-102
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 92-73
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 84:89
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-56

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 33, Чаир 33, ТФТ 33, Феникс 2010 31, Гостивар 27, Кожув 25, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 23.