Македонскиот вицепрвак Алкалоид денеска и утре ќе одигра контролни натпревари против хрватскиот тим Нексе.

Алкалоид веќе четири дена се подготвува во Стара Пазова за вториот дел од сезоната во домашното првенство.

Тренерот Кирил Лазаров на располагање ги има сите играчи на кои ќе смета за продолжението на сезоната во која Алкалоид ќе води голема битка за највисок пласман.

„По зимската пауза, добредојдени ни се овие подготовки. Да бидеме заедно, да тренираме со оглед на тоа дека речиси еден месец не бевме заедно. Овде имаме одлични услови и одлична работна атмосфера и ќе ги искористиме максимално деновите за добро да се подготвиме за вториот дел од полусезоната и предизвиците што ни претстојат“, изјави тренерот Кирил Лазаров.

Денешниот и утрешниот меч против вицепрвакот на Хрватска, екипата на Нексе, е добра можност Лазаров да ја провери формата на неговите избраници. 

Се договара и трет дуел што би се играл во сабота. По него екипата ќе се врати во Скопје и ќе го  продолжи подготовките за плејоф шампионатот.