Во женската кошаркарска „А“ конкуренција на Првата лига, вечерва ќе се игра дерби дуелот. 

Во СЦ „Кале“ во Скопје, ќе играат двете првопласирани екипи во првенството.

Кошаркарките на Вардар ја има првата „меч-топка“ за освојување на пол-позицијата во регуларниот дел. Вардарки го пречекуваат бранителот на титулата Баскет кам.

Црвено-црните, кои се лидери на табелата, сега имаат една победа повеќе од конкурентот кој во минатото коло загуби од Бадел. 

Со евентуален успех против тимот од Македонска Каменица, „вардарки“ ќе побегнат уште еден чекор понапред во однос на конкуренцијата. 

Дербито од 12.коло меѓу Баскет кам и Вардар ќе започне до 20 часот.