Како дел од подготовките за за продолжението на сезоната во Супер лигата, ракметарите на Охрид настапија на меѓународниот турнир „Драго Јововиќ“ во Врбас, Србија.

„Гладијаторите“ го освои третото место.  Покрај Охрид, на турнирот учествуваа и Војводина, Црвена Ѕвезда и домаќинот Врбас.

Во полуфиналето, охриѓани беа надиграни од српскиот шампион Војводина со 37:26 (19:12). Најдобар поединец во редовите на Охрид беше крилото Гоце Ојлески со 8 постигнати гола.

Во второто полуфинале, Црвена Ѕвезда го совлада Врбас 33:27 (16:15).

Во битката за бронзата, домаќинот Врбас и Охрид одиграа неизвесен натпревар кој беше решен по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши 32:32 (16:16). По седмерците Охрид славеше 35:36.

Хрватскиот интернационалец Рудолф Шафранко со 7 погодоци беше најефикасен кај охриѓани.

Инаку победник на турнирот е Војводина која во финалето ја совлада Црвена Ѕвезда со 35:23.