Малку недостасуваше екипата на Фенербахче да претрпе пораз од Бахчешехир во дуел од 18.коло на турскиот кошаркарски шампионат.

Фаворитот се мачеше во текот на целиот натпревар со осмо рангираната екипа на табелата. Губеше Фенер и со 18 разлика и постојано бркаше негатива. Сепак, се извадија избраниците на Јасикевичиус и победија по дополнителните пет минути игра.

Папајанис беше јунакот на Фенер, кој речиси преку цел терен со звукот на сирената погоди „луда“ тројка која го одведе натпреварот во продолжение.

Сензацијата беше на повидок, но не се случи па Фенербахче победи со 110-105.