Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на првиот годинашен Гренд слем турнир, Австралија опен.

Четврто рангираниот светски тенисер Синер во финалето во Мелбурн го совлада третиот на АТП листата, Русинот, Данил Медведев во пет сета со 3:2.

Епско финале кое траеше 3 часа и 44 минути одиграа овие тенисер, а со голем пресврти и по негатива од два сета, победник излезе Италијанецот.

Со два брејка во третиот и деветтиот гем, Русинот го доби првиот сет со 6-3. Без малку по ист терк мина и вториот сет во кој Медведев направи два, а Синер еден брејк. Русинот и тој сет го дови со 6-2, за водство од 2:0.

Тоа не го поколеба Италијанецот, напротив. Во следните два сета се водеше голема битка. на идентичен начин Синер со брејкови во десеттиот гем и со 6-4 ги доби двата сета за израмнување на 2:2 во сетови.

Во решавачкиот трет сет. Италијанецот направи брејк во шестиот сет за водство од 4-2. Медведев намали на 3-5, но немаше сили за брејк, па Синер го доби својот сервис за 6-3 и конечни 3:2 во сетови.

За Синер ова е најголем успех во кариерата и прв трофеј на Гренд слем турнирите. Потсетување дека Италијанецот во полуфиналето го совлада најдобриот светски тенисер и минатогодишен победник Новак Ѓоковиќ.

Медведев и по своето четврто финале во Мелбурн, не успева да стигна до првиот трофеј на Австралија опен. Русинот останува на еден трофеј на Гренд слем турнирите од УС Опен во 2021 година.