Веќе станува вообичаено да пренесеме дека Џирона на на 1.место на табелата во шпанската Ла Лига.

Сигурно дека никој не веруваше дека по 22 одиграни натпревари „малиот“ тим од Бадалона може да биде на самиот врв.

Но, да Џирона повторно е на врвот, откако попладнево во Виго ја победи Селта со 1-0.

До трите бода гостите стигнаа по акцијата во 20-тата минута кога Порту го постигна единствениот гол на натпреварот.

Џирона сега има 55 бодови, еден повеќе од Реал кој има натпревар помалку како и Барселона која е трета, а заостанува 11 бодови зад лидерот.