Актуелната шампионка на Австралија опен, Арина Сабаленка е втората тенисерка што обезбеди пласман во полуфиналето на годинашното издание.

Белорусинката експресно за само 74 минути ја совлада Барбора Крејчикова од Чепка во два сета 6:3 и 6:2.

Со два брејка Сабаленка водеше со 4:1 во првиот сет, а потоа Крејчикова го врати брејкот за 2:4. Актуелната шампионка повторно го одзеде сервисот на противникот и го доби гемот на свој сервис за водство од 1-0.

Сабаленка ја продолжи добрата игра и во вториот сет. Направи три брејка, наспроти еден на Крејчикова и по првата меч-точка се пласираше во полуфиналето.

На патот кон вовото финале во Мелбурн на Сабаленка ќе и застане шампионкака од УС Опен, Коко Гоф.

Американката во првиот полуфинален меч ја победи Украинката, Марта Костјук со 7:6, 6:7, 6:2.