Симболичен настап на македонските нордијци, на Зимски младински олимписки игри што се одржуваат во Гангвон, Јужна Кореја.

На денешната спринт трка на 7,5 км. Благојче Најденоски од 97 спортисти на старт, заврши на 83 место.

Во женски спринт на 6 км. Андријана Кајевска беше претпоследна, па од 98 спортисти заврши на 97 место.

Покрај нив, Македонија на овие игри ја претставуваат и Матеа Трајковска и Давид Торевски во крос кантри.