Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра во Кисела Вода, односно салата „Независна Македонија“.

Една од причините за тоа е зафатеноста на СЦ „Јане Сандански“ со пинг-понгарското Европско  првенство. Но, како што информираат од таборот на шампионот, втората можеби поважна причина е реакцијата на Работнички. 

Имено МЗТ Скопје побарале друг термин, како натпреварот би се играл во „Јане Сандански“ со присуство на двете навивачки групи. Барањето од страна на Работнички било одбиено. 

Така сега во „Независна Македонија“ нема да има место за популарните „Сити Парк Бојс“.

Инаку дербито меѓу МЗТ Скопје и Работника ќе се игра во четврток во 19 часот.