Селекцијата на Австралија поведе со 1:0 во мечеви против Србија во четвртфиналето ја Јунајтед купот во Перт.

За тоа се погрижи Алекс Де Минаур кој во два сета го победи светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ.

24-годишпниот тенисер (12-ти на АТП) го дови мечот со Ѓоковиќ по 94 минути игра со идентични 6-4 во сетови.

Во првиот сет, се играше израмнето до деветтиот гем кога Австралиецот направи брејк, а потоа го доби и својот сервис.

Србинот во ниту еден момент не дојде во ситуација да освои гем на сервис на противникот. Така и во вториот сет Де Минаур направи брејк во седмиот гем. Ѓоковиќ три пати спасуваше меч, топка, но не успеа да се извади па го загуби и тој сет со 4-6.

Следува дуело во женска конкуренција меѓу Олга Даниловиќ и Ајла Томљановиќ, кој доколку Томљановиќ го добие ќе ја одведе Австралија во полуфиналето.

Во спротивно мечот во двојки ќе решава која селекција ќе и се приклучи на Полска која веќе обезбеди полуфинале.