Тенисерката селекција на Полска е првата која обезбеди полуфинале во Јунајтед купот што се одржува во Перт.

Полските тенисери со максимални 3-0 во мечеви ги совладаа Кинезите.

Во воведниот машки сингл меч Хуберт Хуркач во два сета 6-3 и 6-4 беше подобар од Жижен Џанг

Најдобро рангираната во светот Ига Швјатек за 90.минути ја совлада Женг Чинвен со 6-2 и 6-3.

И во игра на двојки Полјаците беа убедливи славејќи со 2:1 во сетови.

Втората селекција која ќе игра во полуфиналето ќе ја дознаеме денеска по мечевите меѓу српските и домашните тенисери од Австралија.

Првиот меч во машка конкуренција е во тек , а во него Новак Ѓоковиќ игра против Алекс Де Минаур.