Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев ќе биде примен во Меѓународната куќа на славните во маратонско пливање (IMSHOF).

По Аацев ќе биде дел од почесната класа во 2024 година. Церемонијата е закажана за 18 мај 2024 година, во Канкун, Мексико.

Поп Ацев, во неговата кариера во маратонско пливање од 2007 до 2021 година, настапи на 106 трки од светска класа во 21 земја, а беше дел од Ултрамаратонска пливачка серија на ФИНА за 2019 година.

Неговите победи вклучуваат прво место на маратоните низ шест земји:
2005 Шабац 19 км во Србија; 
2010 Бачко Градиште 10 км во Србија; 
2012 Ровињ 5 км во Хрватска
2015 Охрид 33 км во Македонија; 
2016 Капри-Неапол 36 км во Италија; 
2019 Велес 10 км во Македонија;

Тој, исто така, обезбеди позиции на подиумот на неколку други значајни маратони, вклучувајќи ги: Санта-Фе Коронда 2018 година 57 километри во Аргентина, Лак Сент Жан 2017 година 32 километри во Канада и Лак Магог 2014 година 34 километри во Канада.