Американската тенисерка Џесика Пегула е првата полуфиналистка на завршниот Мастерс што се игра во мексиканскиот град Канкун.

Во мечот од 2.коло Пегула ја совлада првата носителка Белорусинката, Арина Сабаленкa и го обезбеди првото место во А групата.

Пегула за само час и половина игра го оствари вториот триумф, многу полесно од очекувањата ја совлада Сабаленка со 2-0 (6:4, 6:3).

Во вториот натпревар од групата А, казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја победи Марија Сакари со 2:1. Во мечот што траеше два часа и 26 минути Рибакина славеше со 6:0, 6:7 (4:7) и  7:6 (7:2)). Со овој пораз грчката тенисерка ги загуби шансите за полуфиналето.

Така во последното 3.коло Пегула и Сакари ќе играат меч без натпреварувачки карактер, додека Сабаленка и Рибакина меѓусебно ќе решат која ќе оди во полуфиналето.