Со двата натпревари што ќе се играат попладнево ќе биде отворено 5.коло во Првата женска лига. 

На самиот старт ќе се игра и дербито. 

Во малата сала на СЦ „Кале“ екипата на Вардар ќе го предизвика актуелниот шампион тимот на  Баскет Кам.

Тоа ќе биде и дуел на две екипи кои имаат максимален учинок од четири победи во исто толку натпревари. Овој натпревар се игра порано бидејќи дури седум кошаркарки следната недела ќе имаат обврски со репрезентацијата на Македонија.

Натпреварот Вардар – Баскет Кам ќе започне од 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Половина час подоцна ќе стартува и дуелот меѓу Крива Паланка и Струга.

Во сабота, МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на кавадаречки Пробаскет, додека поради гостувањето во Германија, Бадел и Куманово Гризли својот натпревар ќе го играат на 9 ноември.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) ГРУПА „А“ – 5.КОЛО
петок
18.00 ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ
18.30 КРИВА ПАЛАНКА – СТРУГА
сабота
18.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПРОБАСКЕТ
четврток 9.ноември
20.00 БАДЕЛ – КУМАНОВО ГРИЗЛИ

ТАБЕЛА: Баскет Кам 8 бодови, Вардар 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Куманово Гризли 7, Крива Паланка 5, Пробаскет 5, Бадел 1862 4, Струга 2009 4.