Двете македонски екипи, претставници во ФИБА Еврокупот, Работички и Феникс, денеска имаа свои настапи.

Кошаркарите на Работнички се домаќини на натпреварите од „А“ групата која се игра во СЦ „Кале“. Феникс е на Кипар, во Никозија ќе се играат средбите од „Е“ групата.

Работнички лошо го започна својот настап. Во првиот меч синоќа убедливо загуби од романскиот тим Динамо Букурешт. Избраниците на Димитар Мираковски доколку сакаат да останат во игра за првата позиција, ќе мора да се „вадат“ во дуелот со Сабах од Азербејџан.

Оваа екипа предводена од македонскиот тренерски тандем Митев – Божиновски веќе оствари победа, совладувајќи го холандскиот Донар Гронинген.

Работнички својот натпревар ќе ги игра во вечерниот терминот од 20 часот и 30 минути, додека претходно ќе настапи Феникс.

Дебитантот на европската сцена, ќе одигра два натпревари во „Е“ конкуренцијата.

Првиот е попладнево од 18 часот, а противник ќе биде домаќинот Керавнос. Во вториот меч закажан за утре (среда) Феникс ќе игра против германскиот тим Рошток.

Пласман понатаму ќе обезбеди само победниците од квалификациските турнири.

Натпреварите на Работнички и Феникс може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

▶🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО | НАТПРЕВАРИТЕ НА РАБОТНИЧКИ И ФЕНИКС